Борко Ристовски најави драконски казни за Кожув и Башкими
ФФМ најави дека ќе ја продолжи борбата за чист и фер-плеј спорт по големиот скандал кој денеска се случи во Гевгелија, а со тоа јасно најави жестоки казни за сите инволвирани во фудбалската „местенка“ која ја режираа Кожув и Башкими.
Фудбалерите на Кожув намерно им дозволија на противниците да постигнат гол за победа и да останат во трка за директен пласман во Првата лига, но ако се суди според соопштението на ФФМ и пораката на Борко Ристовски, Башкими го чека жестока казна.
Министерот за спорт вечерва се огласи преку социјалните мрежи и најави дека на двата клуба најверојатно ќе им биде одземена дејноста за спорт, што значи дека ќе бидат елиминирани од понатамошни настапи во Втората лига.
-Ќе ги почекаме извештаите на ФФМ и доколку се потврдат сомнежите, на клубовите Кожув и Башкими по итна постапка ќе им биде одземена дејноста за спорт.
-Борбата за чист спорт продолжува и Министерството за спорт секогаш ќе биде на вистинската страна, – порача Борко.
Ново на Сител
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?