Борисов: За Бугарија да ја поддржи Северна Македонија, бугарското малцинство треба да биде во Уставот
За Бугарија да ја поддржи Македонија, бугарското малцинство мора да биде впишано во Уставот на државата, вели лидерот на бугарската партија ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов.
Неговата изјава следуваше по средбата во Софија со преставници на бугарски здруженија во Македонија, кои, според него, му се пожалиле дека „во земјава се чувствуваат како да не постојат“.
-Тие знаат дека нашата поддршка како власт или како опозиција зависи од признавањето на бугарското малцинство. За оваа тема најдов разбирање со Еди Рама, го очекувам истото и од Зоран Заев. За Бугарија е исклучително важно Македонија и Албанија да се во Европската Унија, напиша Борисов на својот Фејсбук профил.
Тој, во однос на политичката ситуација во Бугарија, оценува дека државата западнала во меѓународна изолација во последните месеци, а демократските држави „се исмејувале на слабата диломатија“.
– Бугарија се тресе од скандали, наместо да дебатираме за важни теми како односите со Македонија и Ковид-кризата, Радев назначува министри со двојно државјанство и се обидува да изврши влијание врз Уставниот суд, никогаш сме немале претседател кој си дозволува да го нарушува Уставот, додава Борисов.
Претставници на неколку бугарски здруженија во Македонија, вчера беа примени и од претседателот на Бугарија Румен Радев, кој на средбата посочил дека без соработка со македонските Бугари, Софија не може соодветно да ги заштити нивните права. Тој потсети дека во Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Република Македонија стои дека Софија има право да ги брани правата на македонските Бугари.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Куба
-
Македонските ракометари поразени во Литванија
-
Кога една остварена цел, отвора можност за нова | Славјанка Петровска | Sitel Podcast 069
-
Манчестер јунајтед има три победи и едно реми по отпуштањето на Тен Хаг
-
Пуштено на домашно лекување момчето тешко повредено при пукање во Арачиново
-
Само 23 отсто од Французите го поддржуваат Макрон
-
Ревија на стари автомобили се одржа во Тетово, најстар беше „Фиат“ од 1932 година
-
Релево: Реал сака да го ангажира Лапорта во зимскиот трансфер прозорец