Борисов поднесе оставка на Кабинетот пред новоизбраните пратеници
Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов поднесе оставка пред новоизбраното 45-то Национално собрание на раководениот од него Совет на министри.
Такво соопштение објавија медиумите во Софија од прес-центарот на Советот на министри неколку минути по официјалниот почеток на седница на новиот парламентарен состав.
Писмото на премиерот Борисов, со кое тој поднесе оставка на кабинетот, денеска беше доставено до претседателот на Националното собрание. Борисов не е присутен во салата на Националното собрание каде се одржува првата седница на новоизбраниеот парламент.
Во согласност со чл. 111, ст. 3 од Уставот, Владата предводена од премиерот Борисов ќе продолжи да ги извршува своите функции до изборот на нов Совет на министри и ќе постигне континуитет во управувањето, се вели во соопштението.
Третиот кабинет на Борисов стапи на должност на 4 мај 2017 година. Тоа бшее прв мандат што лидерот на ГЕРБ го заврши како премиер, откако тој беше принуден да поднесе оставка во претходните два пред нивното истекување.
Ново на Сител
-

Во тек е акцијата за генерално чистење на Скопје
-

Конституиран советот на Град Скопје
-

Скопје добива и градски воз
-

Директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието, Илија Стоилев се уште во полициска станица
-

Бројот на пациенти со карцином на простата во постојан пораст
-

Започна генералното чистење на Скопје
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, најави целосна реорганизација
