Борисов: Нема да поднесам оставка од раководството на ГЕРБ, дефинитивно предвремени избори
Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов изјави дека ГЕРБ има лидер избран пред 3 месеци пред софискиот весник Сега на левиот центар.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Бојко Борисов веќе се повлече од пратеничката фотелја за да не ги иритира останатите и предложи влада без негово учество.
Тој коментираше дека нема да остави силна партија како што е ГЕРБ да стане брош на „Продолжуваме со промената“ како што е моментално „Демократска Бугарија“. Борисов најави одржување на предвремени избори во Бугарија.
Тој ги коментираше шпекулациите дека е подготвен да се повлече од раководството на партијата во контекст на обидите за формирање нова бугарска влада, а еден од условите на Кирил Петков е Бојко Борисов да не ја води партијата ГЕРБ.
Причина за тоа беше контрадикторната изјава на поранешниот претседател на Бугарија Росен Плевнелиев за БТВ, кој објави дека Бојко Борисов вчера му рекол дека е подготвен да поднесе оставка од лидерската позиција на ГЕРБ. Според Борисов, претседателот Росен Плевнелиев (2012-2017) не бил правилно разбран.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава
-
Поранешниот директор на Геријатрија не се чувствува виновен за примањето 20.000 евра поткуп
-
Се уште е во финална фаза формирањето на странска комисија која ќе ги проверува наводите на д-р Кедев
-
ДЗС: Бројот на работници во индустријата намален за 4%