Борисов: Цела Европа сака да даде перспектива на Скопје и Тирана
Имаме ретка шанса, цела Европа сака да даде перспектива на Република Северна Македонија и Албанија и воопшто на Западен Балкан. Но, се повеќе расте чувството дека колегите таму не сфаќаат колку е важен моментот и оти секој внатрешнополитички настан нема никакво значење за овие земји, ако се пропушти овој момент.
Ова денеска го изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов во Минхен, каде учествува на Минхенската безбедносна конференција.
– Го кажувам ова со тага и секако со доза на оптимизам дека ме сфатија, додаде тој.
Борисов наведе дека Бугарија стои стабилно во регионот и е барана земја за инвестиции. Во однос на визите на бугарските граѓани за САД, тој рече дека американскиот претседател Доналд Трамп презел обврска за укинување на визите.
– Да видиме како ќе се развиваат изборите во САД. Ако тој биде реизбран, процесот за укинување на визите сигурно ќе го довршиме до крај, рече бугарскиот премиер.
Ново на Сител
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош