Борис Џонсон на 19 јули планира да укине многу од мерките против коронавирусот
Британскиот премиер Борис Џонсон има намера денеска на прес конференција да и соопшти на јавноста дека многу од рестриктивните мерки против коронавирусот, што беа воведени во текот на изминатата година, на 19 јули да бидат укинати.
Меѓутоа, здравствените експерти предупредуваат дека ваквиот потег е катастрофален и може да се спореди со отворање на „корона фабрика“. Нивното тврдење е поткрепено со фактот дека од ден на ден расте бројот на новоинфицирани со коронавирус во земјата.
Попладнево на прес-конференција во Даунинг стрит, се очекува Борис Џонсон да каже дека 86 проценти од возрасните Британци биле вакцинирани со најмалку една доза вакцина за коронавирус, па затоа владата преминува од ниво на строги мерки на ниво каде граѓаните самите ќе треба да бидат одговорни за спроведување на мерките, односно самите ќе одлучат дали да носат маски, да држат дистанца и така натаму.
Промените во рестриктивните правила што досега важеа во Велика Британија треба да се однесуваат и на дозволата на Британците кои се целосно вакцинирани да патуваат во земјите што се наоѓаат во т.н. зелена листа, без потребата да се оди во карантин.
Се очекува да се измени и правилото секој ученик да замине во изолација доколку некој член од неговото семејство бил позитивен на коронавирус.
Ново на Сител
-
Приведен 43-годишник кој бил баран по централна потерница за издржување казна затвор од една година и шест месеци
-
Власти на Хамас: Над 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако стапи во сила прекинот на огнот
-
Телефонски разговор Зеленски-Трамп
-
Во Гостивар ограбени 18 кг злато вредно 2 милиона евра
-
Вработена во казино од прометот одзела 816.297 денари и ги искоцкала на апарати
-
Злато вредно 1.8 милион евра украдено во грабежот во Гостивар
-
Две малолетнички во Карпош тепале врсничка, настанот го снимале и го споделиле на социјални мрежи
-
Битолчанец продавал марихуана на затвореници од КПУ Затвор Битола