Борел: Секоја провокација или агресија против Украина би имала сериозни последици
Секоја провокација или агресија против Украина би имала сериозни последици, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, во пораката испратена до Москва пред денешната средба со украински претставници.
– Европската унија е најблискиот партнер на Украина и ние целосно го поддржуваме територијалниот интегритет и суверенитет на земјата, истакна Борел.
За време на неговата посета, шефот на европската дипломатија ќе оствари средба со украински официјални претставници, вклучително и министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба во Киев.
Напорите на Борел се дел од меѓународниот притисок за смирување на кризата на украинската граница.
Во изминатите недели Западот е загрижен поради извештаите дека Русија распоредува десетици илјади војници во области недалеку од Украина, предизвикувајќи стравување од руска инвазија.
Русија го отфрла таквите тврдења, а за возврат ја обвини Украина дека испратила голем број војници во источните области што се под контрола на проруските сепаратисти.
Случувањата потсетуваат на настаните од 2014 година, кога Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим и ја започна својата постојана поддршка за сепаратистите во источниот дел на Украина.
Во понеделник во Женева треба да почнат разговори меѓу Вашингтон и Москва. Русија и НАТО планираат одделни разговори два дена подоцна, на 12 јануари.
Ново на Сител
-

Успешен ден за македонските кикбоксери: Три обезбедени бронзи и победа на Глигорова
-

ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет
