Борел побара нови избори во општините на северот на Косово
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, побара и распишување нови локални избори во општините на северот на Косово, учество на Србите во тој изборен процес и почеток на работата за формирање Заедницата на општини со српско мнозинство.
Борел синоќа на Твитер објави дека со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со претседателката на Косово, Вјоса Османи, разговарал за „опасната ситуација на северот на Косово“.
Тој наведе дека имал заедничка средба со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, но и дека имал одвоени средби со Вучиќ и Османи.
„Имаме три јасни барања, а тоа се нови локални избори веднаш, обезбедување учество на косовските Срби во изборниот процес, почеток на работа за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство во рамките на дијалогот под покровителство на ЕУ.
Доколку тоа не се направи, ќе има сериозни последици за нашите односи“, додаде тој во соопштението по синоќешната средба со претседателите на Србија и Косово на маргините на состанокот на европската политичка заедница во Молдавија.
Ново на Сител
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење