Борел по средбата со Вучиќ и со Курти во Брисел: Денеска не успеавме да ги надминеме несогласувањата

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, го обвини косовскиот премиер Албин Курти дека не е подготвен да прифати компромисен предлог како да се пристапи кон спроведувањето на договорот за нормализација на односите со Србија.
По новата рунда дијалог за нормализација на односите на највисоко политичко ниво, Борел рече дека на српскиот претседател Александар Вучиќ и на косовскиот премиер Албин Курти им доставил компромисен предлог за имплементација на договорот на патот кон нормализација на односите и анексот за негово спроведување од февруари и март годинава.
Борел рече дека косовската страна сака прво да започне со политичките аспекти на нормализацијата, што значи официјализирање на де факто признавањето како прв чекор. Од друга страна, Србија инсистираше прво да се започне со формирање на заедница на општини со српско мнозинство, што е обврска што двете партии ја потпишаа во 2013 година.
„Затоа го предложивме она што денес го гледаме како единствен компромис, да започне процедура во која тие два процеса би се одвивале паралелно.
„За жал, премиерот Курти не беше подготвен да продолжи напред и да започне кредибилен процес на формирање Заедница на општини со српско мнозинство, а претседателот Вучиќ го прифати предлогот на ЕУ за спроведување на договорот за нормализација на односите“, рече Борел.
Шефот на европската дипломатија рече дека компромисниот предлог на ЕУ е поддржан од пошироката меѓународна заедница, вклучително и САД.
-За жал, денеска не беше можно да се премостат разликите, нагласи Борел. Тој додаде дека сега ќе поднесе извештај до 27-те земји-членки на ЕУ за недостигот на напредок во намалувањето на тензиите на северот на Косово.
Ново на Сител
-

Мацут за „Политика“: Европската иднина на Србија не е само политичка цел, туку и гаранција за подобар живот за граѓаните
-

Рубио вели дека САД разгледуваат опции за распоредување меѓународни сили во Газа
-

Трамп не сака средба со Путин се додека не биде сигурен за постигнување договор за мир во Украина
-

Стартува зимскиот ред на летање на аеродромите во Скопје и Охрид
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија
-

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз
-

Мицкоски: Со поддршката од граѓаните ќе имаме убедлива победа во Демир Капија, за напредок и реализација на многу проекти
