Борел: Нема да застанеме додека Западен Балкан не бидел дел од ЕУ
Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, изјави пред Советот за безбедност на ОН дека „ЕУ нема да застане додека земјите од Западен Балкан не станат дел од ЕУ“.
- За таа цел, ние сме целосно мобилизирани за поддршка на помирувањето и реформите како најдобар противотров на националистичката реторика, нагласи Борел.
Во својот говор, тој најави дека следната недела во Брисел ќе се одржи нов состанок на дијалогот Белград-Приштина, организиран од ЕУ.
На сесијата посветена на соработката меѓу ОН и ЕУ, Борел пред Советот за безбедност на ОН зборуваше за улогата и поддршката што ЕУ ги дава за одржување на глобалниот мир и безбедност, соработката со ОН и регионалните организации.
Тој ги наведе Западен Балкан како примери за длабок ангажман на ЕУ, каде што се потребни итни резултати.
Ново на Сител
-
21-ви „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеник
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за скандалот во АНБ
-
Тошковски: Обвинителството не реагира на поднесените пријави
-
Муцунски: Бараме предвидлив и доследен пат до ЕУ
-
На Македонците во Италија се уште не им се прифаќаат возачките дозволи со новото уставно име
-
Невработеноста паѓа. Расте и бројот на лице кои работат на црно
-
Македонија ќе остане без матични лекари ако не се донесе итно системско решение