Борел: Мораме да го врземе Западниот Балкан за ЕУ

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел вели дека приоритет на неговата работа на чело на европската дипломатија ќе биде приближување на Западниот Балкан кон Унијата, како и постигнување договор во дијалогот меѓу Белград и Приштина.
– На прво место мораме цврсто да го врземе Западниот Балкан за Европската Унија, наведува Борел во писмо упатено до министрите за надворешни работи и за одбрана на земјите членки на Европската унија пред првото заседание на Советот за општи работи на ЕУ под негово претседавање.
Во писмото во кое ги изнесува своите видувања за приоритетите и начините на работа поврзани со надворешната и безбедносна политика на Унијата, Борел наведува дека „непосредното соседство“ треба да биде еден од приоритетите на ЕУ.
– Запирањето на конфликтите и излекувањето на раните во непосредното опкружување е важно и за стабилноста и безбедноста на самата ЕУ, смета Борел.
Тој напоменува дека е важно земјите членки на ЕУ да се договорат како ќе го водат процесот на проширување, додавајќи дека за ова прашање ќе работи заедно со министрите за надворешни работи и со комесарот за проширување Оливер Вархеји.
Во делот за „непосредното соседство на ЕУ“, Борел посочува и дека покрај на проширувањето, ќе се посвети и на постигнување „сеопфатен договор меѓу Србија и Косово, како и на поставување на Босна и Херцеговина на патот кон вистинска стабилност“.
Ново на Сител
-

Јане Ченто поднесе пријава против Русковска за 27 април
-

Избегната трагедија во Охрид – Параглајдер слета меѓу луѓе
-

Семејното насилство во пораст, зошто мерките не даваат ефект?
-

Центар за хронични рани и гангрени ќе се гради во состав на геријатрија „13 Ноември” - Скопје
-

Почна реконструкцијата на Универзалната сала
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Дизелот ќе поевтини
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае само за блокади и предавства
