Борците против улица за Фадил Сулејмани: „Ги сметаше Македонците за Бугари“

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
Фадил Сулејмани ги сметал Македонците за бугари, а Македонија за вештачка држава, недозволиво е именување на улица по него.
Почитувана јавност, Нелегитимната Работна група за именување и преименување на улици во Тетово формирана од Советот на Општина Тетово на седницата на 12.08.2026 година утврди 145 предлог-имиња за тетовските улици, а во листата под број 3 е наведено името Фадил Сулејмани. Сојузот на борци од НОАВМ и граѓаните продолжувачи од Тетово остро се спротивставува на овој предлог, го смета за неприфатлив по повеќе основи и бара да биде отфрлен. Лицето Фадил Сулејмани имал јасно изразени антимакедонски ставови. Сметал дека Македонците се бугари, а Македонија дека е вештачка држава. Пред пошироката јавност споделуваме исечок од дневниот весник Утрински весник од 12 јули 2000 година. Во објавениот текст се пренесени неговите антимакедонски ставови и јасната определба да го негира постоењето на македонската нација.
Погоре наведеното го прави предлогот Фадил Сулејмани да добие улица со негово име спротивен на чл. 6 од Законот бидејќи со истото се навредуваат чувствата на граѓаните, се нарушуваат односите меѓу заедниците, обичаите и јавниот морал. Да именувате улица со име на човек кој го негира постоењето на државата и посебноста на народот, е чин против државата, без преседан во светот.
Прашуваме дали Работната група е составена од луѓе чии компетенции се соодветни или само со послушници кои имаат задача да се потпишат на претходно подготвена листа? Дали преостанатите тројца членови Македонци во Работната групата го слушнаа и разбраа апелот веднаш да се повлечат? Кому служи вашето легитимирање на овој штетен процес? Смрт на фашизмот – слобода на народот!
Ново на Сител
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
