Борбата со дебелината може да почне, откриен „ген на виткоста“
Со генетска и молекуларна анализа на 60 генерации глувци, едни кои биле склони кон дебелеење и други многу слаби, словнечките научници во соработка со биотехнолози од Универзитетот во Единбург открија „ген на виткоста“ што може да помогне во сузбивање на дебелината и на дијабетесот тип 2 кај луѓето.
Шкотските и словенeчките научници ја објавија студијата во списанието за експериментална медицина „Nautre Medicine“, пренесува Фена.
Во среда на јавно претставување на истражувањето на Хемискиот институт во Љубљана ќе зборува еден од лидерите на истражувањето, биотехнологот др. Симон Хорват.
Со генетско мапирање на глувци истражувачите открија дека тие кои се слаби и без премнгоу маснотии на ткивата имаат повисоко ниво на генот ТСТ (триосулфат-сулфур-трансераза) чија улога во метаболизмот досега не беше позната.
Истражувањето на глувци се применети и на луѓе во повеќе земји и потврдено е повисоко ниво на ТСТ во масното ткиво на слаби и здрави луѓе, додека со прекумерна тежина и заболени од дијабетис била ниска.
Станува збор за важно откритие, затоа што научнициите веруват дека со стимилирање на генот ТСТ, развојот на дебелината и дијабетес тип 2 би можело да се спречи дури и кај оние кои јадат висококалорична храна.
Научниците од Хемискиот институт за Биотехнолошкот акулетет во Љубљана сметаат дека со откривањето на дејствувањето на „генот на виткоста“ во иднина би можело да се развијат лекови за дијабетес со помош на фармаколошки срества или користење на модерна синтезна биологија.
Ново на Сител
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана
-
ЦУК: Регистрирани седум пожари на отворен простор, два сè уште активни
-
Поскапуваат горивата
-
Приведен маж од Скопје, возел со 2,90 промили алкохол во крвта
-
Сител Телевизија вработува водителка на временска прогноза