Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Како што информираат од ОЈО, во неговиот дом во Идризово, осомничениот 57-годишник неовластено држел муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета. При претрес, во дрвен сандак во дневната соба, полицијата пронашла две рачни бомби – гранати модел „М.75“ , како и педесет куршуми калибар 7,65 мм наменети за испалување од полуавтоматски и автоматски огнени оружја.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност да се даде во бегство или да го повтори делото.
МИА
Ново на Сител
-
Димовски: Немало организирано следење на Мицкоски
-
Пуштена во употреба делницата Климештани - Охрид, долга 17 километри
-
Предизборни партиски ветувања за подобар живот во општините
-
Пропадна уште една акција за рушење на дивоградби во Кочани
-
Летово во Дојран повеќе транзит туристи отколку домашни
-
Црквите говорат за нашето наследство
-
Преглед на вестите од светот
-
21-ви „Марш на ангелите“ во Кочани