Свет
4. March 2019 - 8:51

Болтон: САД собираат што поголема коалиција за смена на Мадуро

Советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон изјави дека Вашингтон се обидува да собере што поширока коалиција за смена на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

Тој истакна дека САД работат на тоа Мадуро мирно да ја предаде власта на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо.

– Многумина сфатија дека експериментите со Уго Чавез и Николас Мадуро пропаднаа и оти треба да бидат завршени. Затоа работиме на собирање што поголема коалиција за смена на Мадуро, посочи Болтон.