-->
-->
Боки 13 земал пари од Марина Туцаковиќ, Русковска го праша дали тој е „ороспија“
-->

Судењето за предметот „Рекет“ во кој првообвинет е Бојан Јовановски-Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, продолжува в петок. На денешното рочиште сведочеа хирург од приватната болница „Систина“, што е во сопственост на бизнисменот Орце Камчев, кој во два наврати го опрерирал Боки 13 за намалување на телесната тежина и личниот возач и кој според првообвинетиот му бил и личен асистент.
Двајцата сведоци беа испрашувани само од одбраната на Боки 13, а во повеќе наврати приговараше и обвинителката Вилма Русковска, која образложуваше дека од прашањата на обвинетиот не се утврдува фактичката состојба за кривичното дело против законско посредување и перење пари.
Хирургот Тони Јосифовски рече дека извршил две операции врз Јовановски, првата била за намалување на телесната тежина, а вториот пат било од естетски причини. Со пациентот Боки 13, Јосифовски се сретнувал во болницата, во кафуле, но подоцна и кај Јовановски во домот каде му вршел преврски. Според сведокот, одговарајќи на прашање, Боки со него разговарал и за операција на Јанева и дека барале начин како да се проведе преку посебни влезови во „Систина“.
Личниот возач на Јовановски, Стојан Арсовски пред Судот рече дека со него во два наврати патувале во Италија на модни ревии и дека на тие патувања од неговиот претпоставен добивал подароци. Според сведокот, на второто патување правеле пауза во Белград на која Јовановски вечерал со Марина Туцаковиќ и нејзиниот сопруг и дека таа вечер сопругот на Туцаковиќ на Боки 13 му дал плико со, како што рече, прилично голема сума пари, кои пак му ги дал на возачот да ги стави во чантата.
Јовановски и адвокатот Дуковски од судечкиот совет побараа судот да му ја укине мерката притвор со поблага мерка со образложение дека неможе да ги спроведува препораките од лекар за хигиено диететски режим.
Како и на претходните судења, така и на ова, не изостана вербална комуникација меѓу Боки 13 и Рускоска, а овој пат по цитатот на Јовановски од Иво Андриќ дека дошло време „паметниот да молчи, будалиот да говори, а ороспијата да се збогати“. На ова Рускоска праша дали Боки е „ороспијата“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Русија тврди дека Украина одбила прекин на огнот во Костјантинивка
-

Вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, уапсени пет лица
-

Иран и Катар ја обновуваат поморската трговија по речиси петмесечна пауза
-

Поради активност на вулканот Етна суспендиран авионскиот сообраќај на Сицилија
-

Ѓорѓиевски: Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола - длабок поклон за брзата реакција на пожарникарите
-

Големиот пожар во близина на Солун ставен под контрола – уапсено едно лице
-

Мицкоски: Зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините - повторно остануваме држава со најниски цени
-

Бруклинскиот мост се запали за време на прославата на Денот на независноста
