Боки 13 се пожали дека е тешко болен и се скара со Рускоска
Првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јваниовски – Боки 13, на почетокот на денешното рочиште побара одложување поради здравствени причини.
Боки 13 се пожали на болки, и кажа дека со гастроскопија му е утврдено дека некој орган треба да му биде отстранет. Судијата му одговори дека ќе повика итна помош, на што Јовановски рече дека не сака бидејќи тие само ќе му дале дијазепам и потоа нема да може да го следи судењето. Кажа дека има рак на желудник оти ако се почитувала терапијата од препораките немало да дојде до тоа.
Судијата, сепак, реши судењето денеска да продолжи.
Пред почетокот на рочиштето, Јовановски на висок тон и се обрати на обвинителката Вилма Рускоска дека „врши тортура врз него и дека Господ ќе ја казни“, по што обезбедувањето реагираше и го изнесе од судница. Отакако ситуацијата се смири, а судечкиот совет влезе во судницата, Јовановски беше вратен, а рочиштето почна.
Судењето за „Рекет“ се наоѓа во доказна постапка и треба да се продолжи со презентирање докази, а на ред се снимки доставени од сведокот Јордан Камчев во Обвинителството.
На минатото рочиште беа презентирани фотографии од предмети одземени при претресот на домовите и работните простории на обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева, како и од претресот на домот на Зоран Милевски-Кичеец, кој призна вина.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.
Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3 декември, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.
Ново на Сител
-
Миновски: Нови работни места, зголемени инвестиции и долгорочен економски бенефит со Договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство
-
Песков: Средба меѓу Путин и Зеленски е можна само доколку делегациите претходно постигнат договор
-
Британскиот амбасадор ги демантира информациите дека во земјата ќе се градат кампови за мигранти
-
Мицкоски: Стратешкото партнерство со Обединетото кралство е втор столб на нашата меѓународна позиционираност
-
Пезешкијан: Трамп зборува за мир и истовремено се заканува
-
Фатен на дело крадец во Битола
-
Во Ниш ќе се одржи централен дел од сенароден собир, Вучиќ најави претставување на нова програма за Србија
-
Сиљановска-Давкова до Мајнл-Рајсингер: Да се стави крај на македонскиот маратон кон Брисел