-->
-->
Боки 13 и Јанева ќе докажуваат дека не се виновни за „Рекет“, Кичеец призна вина
-->

Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева ќе докажуваат дека не се виновни, а Зоран Милевски Кичеец призна вина и денеска ќе ја чуе пресудата за судскиот процес „Рекет“.
Во Основниот кривичен суд во Скопје вчера се одржа првото рочиште за судскиот процес на годината „Рекет“. Судењето започна со доцнење од 45 минути поради здравствени проблеми на Боки 13 – повраќање и бил тешко контактибилен.
Потоа Судот даде пауза од половина час за медицинска екипа да го прегледа Боки 13, која даде мислење дека тој може да продолжи да го следи судењето.
Јавниот обвинител Вилма Рускоска во воведен говор на судското рочиште за „Рекет“, рече дека жртви во овој предмет не се тие на кои им се барале пари, туку жртви сме сите граѓаните на оваа држава.
– Имаше еден филм за Чарлиевите ангели на СЈО, но имаше и една специјалната јавна обвинителка што влезе во мрежата на т.н. естрадна ѕвезда Боки 13, изјави Рускоска.
Обвинителството, рече Рускоска, ќе докаже дека Јанева го направила тоа од алчност и дека свесно ја злоупотребила службената положба, со што ја издала довербата на народот.
– Ќе изнесеме цврсти докази дека Јанева свесно и со умисла на Боки 13 му изнесувала материјали од предистражни постапки кои се службена тајна за да може Боки 13 од обвинетите во тие постапки да бара милионски пари за тие постапки да завршат со спогодба или во најдобар случај како сведоци, изјави Рускоска.
Првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 во Судот рече дека живеел за денот кога ќе може да зборува, зошто е мета на јавен линч пет месеци за монтиран случај наречен „Рекет“.
– Преку овој предмет се водат политички борби кои паѓаат на мои плеќи. Точно е дека сум невработен и со блокирана сметка кога со јавен линч се уништи еден медиум. Притворот ми го уништи здравјето и ги влоши последоците од двете операции правени во болницата на Јордан Камчев. Ќе сведочам за сите инволвирани во овој настан, ќе сведочам за организаторот и сите помагачи, а преку мојот бранител ќе бидат поднесени соодветни пријави, изјави Боки 13.
За некој да има реално или претпоставено влијание треба да има и реален авторитет, а единствено реално нешто во овој предмет, како што истакна Боки 13, е тоа што синот на Катица Јанева бил вработен во неговиот медиум – 1ТВ.
– Оваа обвинителката има гостувано во мојата телевизија и колку што сум седел во ресторан со третообвинетата, толку сум седел и со надлежната сега обвинителка. Разлика нема, изјави Боки 13.
Ги повикувам, порача Боки 13, меѓународната јавност и амбасадите на САД и Франција да го следат овој процес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Музеите лани ги посетиле 289 767 граѓани
-
Да се цени фактот што Васил ја призна вината и изрази најдлабоко можно каење, вели неговиот адвокат
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договор за „One Stop“ систем и брза заедничка гранична контрола, имплементација пред летната сезона
-
За три дена во близина на грчкиот остров Гавдос спасени 270 мигранти и уапсени петмина криумчари
-
Трамп предлага намалување на царините за Кина на 80 проценти
-
Кривични пријави за злоупотреба на постапката за доделување договор за превоз на ученици во Куманово
-
Шаја Лабјуф за кавгата со Алек Болдвин: Беше тензично на пробите
-
Малолетничка дала 25.000 евра на ученици кои ја уценувале дека ќе го претепаат нејзиниот брат доколку не им даде пари