Бојмацалиев: За една година СВР Скопје доби 15 возила, девет интервентни комбиња, шест мотоцикли
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев оствари работна средба со раководството на Полициска станица од општа надлежност Бит Пазар при СВР Скопје, во рамки на серијата посети на организациските единици при МВР низ државата, со цел увид во досегашните резултати и планирање на идните активности, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Безбедносната состојба е поволна, со оглед на тоа што станува збор за централно градско подрачје со голема фреквенција на граѓани, а изминатиов период беше проследен со повеќе штрајкови, протестни собири, така што наведените состојби беа дополонително оптоварување во извршувањето на безбедносните задачи од страна на ПС ОН во рамките на ОКР Центар и Бит Пазар и СВР Скопје, рекол Бојмацалиев потенцирајќи ги добрите резултати.
Тој бил информиран дека најмногу внимание му се посветувало на прашањето и ефикасноста во расветлувњето во кривични дела со НН сторител, особено кај тешките кражби, а значајни резултати биле постигнати и со брзото и ефикасно расветлување по пријавување на прекршоци.
Бојмацалиев, додал дека се очекува законско и професионално работење и во идниот период, потенцирајќи дека СВР Скопје во 2023 година, односно само за една година добило 15 возила, шест мотоцикли, девет интервентни комбиња, со што сериозно биле подобрени условите во делот на материјално-техничко опремување на полицијата.
-И во оваа прилика, во пресрет на претседателските и парламентарните избори, ги повикав колегите да се придржуваат кон законитоста, стручноста и професионалноста како на превентивно-оперативен, така по потреба и на репресивен план. Императив е да ја гарантираме безбедноста и да го одржиме нивото од претходните изборни циклуси од 2017 наваму, истакнал Бојмацалиев.
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка