Бојко Борисов: Не сум дал наредба за прислушување
Поранешниот бугарски премиер, Бојко Борисов изјави дека не дал наредба да се прислушкуваат политичарите во земјата, оценувајќи дека тоа според него би било многу погрешно и никогаш не размислувал за тоа.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов смета дека не е формирана редовна влада во Бугарија со цел да се исполнат „валканите наредби“ на Бугарската социјалистичка партија и придружбата на претседателот Румен Радев.
Лидерот на ГЕРБ се приклучи во живо на Фејсбук од средба со претставници на неговата партија.
Информацијата за прислушувањето на 32 опозициски политичари дојде од подпретседателот на „Демократска Бугарија“ Атанас Атанасов, а вршителот на должност министер за внатрешни работи Бојко Рашков потврди дека Државната агенција за национална безбедност извршила такво прислушување и ги избришала доказите.
Лидерот на бугарските социјалисти Корнелија Нинова повика на откривање на сите факти за прислушувањето. Бојко Борисов истакна дека ГЕРБ е „исклучително загрижен“ за одржувањето на предвремените парламентарни избори во Бугарија на 11 јули.
Ново на Сител
-
Трамп: Да беше Бајден на власт, ќе започнеше Третата светска војна
-
Продолжува јавната расправа за законски измени за поголема безбедност во сообраќајот
-
Од денеска се очекува да поевтинат над 1000 производи, од Комората на трговци повторно со реакција
-
Венс го предупреди Зеленски да не го критикува Трамп
-
Најмалку две лица загинаа при судир на два мали авиони во Аризона
-
Спасувачка операција во Србија: Извлечен маж по осум часа под урнатини
-
Студено утро, преку денот сончево и ветровито
-
КБК Шампион со 5 натпреварувачи на Европскиот куп во Пловдив