Бојан Јовановски поднесува повеќе кривични пријави во ОЈО Скопје
Бојан Јовановски денеска во Основното јавно обвинителство Скопје поднесува кривични пријави на записник за злоупотреба на службена положба и овластување, изнуда, измама, давање на лажен исказ, можеби тортура и несовесно лекување.
Адвокатот на Јовановски, Сашо Дукоски пред Обвинителството изјави дека Јовановски го користи законското право од член 273 од Законот за кривична постапка, каде што е наведено дека секој граѓанин може да поднесе кривична пријава за кривично дело што се гони по службена должност.
-Кривичните пријави ќе бидат поднесени најмалку за неколку кривични дела и тоа пред се за злоупотреба на службена положба и овластување, изнуда, измама, давање на лажен исказ, можеби тортура, несовесно лекување…, изјави Дукоски.
Досега, како што посочи, неколку пати барале да поднесат кривична пријава кај републичкиот обвинител. – Сега поднесовме барање во Основното јавно обвинителство Скопје. Од страна на републичкиот обвинител ни беше делегиран заменик на обвинителката од истото обвинителство што го гони Јовановски и тој одби тогаш да поднесе на записник кривична пријава. Ова е второ барање, рече Дукоски и додаде дека на нивното барање судот коректно одговорил.
Одговарајќи на новинарско прашање, Дукоски посочи дека пријавите се за лица од државните институции и за лица што се надвор од овие институции, непрецизирајќи за кого станува збор.
Појасни дека Обвинителството во рамки на своите надлежности мора да постапува по кривичната пријава затоа што се гони по службена должност. – Доставивме и доказен материјал и тоа ќе се анализира и веројатно ќе се обратат до одредени институции, можеби и до одредени обвинителства со цел дознавање одредени сознанија во врска со тоа што е во кривичните пријави, рече Дуковски.
Одговарајќи на новинарско прашање дали со поднесувањето на кривичните пријави Јовановски сака да си го олесни статусот во тие кривични постапки, Дуковски рече дека „одговорот е ноторно не, бидејќи не може дури и да сака“.
Тој посочи дека станува збор за целосни нови кривични пријави што немаат никаква врска со предметот „Рекет“.
– Основниот суд достави писмено известување до Основното јавно обвинителство Скопје дека осуденото лице побарало и дека Судот ќе му даде дозвола да дојде во ОЈО Скопје за да даде исказ, велат за МИА од Јавното обвинителство.
Јовановски минатата недела за случајот „Рекет“ беше осуден на девет години затвор, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева доби казна затвор од седум години.
Ново на Сител
-
Нехумани услови во домот Пелагонија
-
Тема на денот со Ива Ненадиќ, координатор на центарот за медиуми при Европскиот универзитетски институт
-
Обвинители вршат надзор над работата на обвинителството за организиран криминал и корупција
-
69-годишна жена загина, а 9-годишно дете се бори за живот на Клинички по пад од шести кат
-
Родители најавија бојкот на настава во „Лазо Ангеловски“, МОН смета дека со случајот се претерало
-
Комплексни лозинки за да нема упад во е-дневник во училиштата!
-
И власта и опозицијата не прифаќаат пензионирање на 67 години
-
Новогодишните куќарки пристигнаа на плоштадот, Арсовска пак крие кој и за колку пари ќе украсува