Боинг приземји повеќе од 50 авиони низ светот

Околу 50 авиони низ светот се приземјени откако Боинг откри дека делот во близина на крилата од моделот 737 NG може многу лесно да напукне.
Австралиската авиокомпанија „Квантас“ приземји еден од своите авиони Боинг 737 NG, откако во еден негов дел открила „пукнатина“.
Превозникот соопшти дека неколку авиокомпании ги прегледале своите авиони од моделот 737 NG, откако Боинг откри дека постои таков проблем.
– Никогаш не би користеле авион, доколку не е целосно безбеден, се наведува во соопштението.
Боинг наведува дека пукнатините се пронајдени во делот на авионот кој помага да се зацврсти крилото.
Минатиот месец американските регулатори наложиле проверка на сите 737 NG авиони кои извршиле повеќе од 30.000 летови.
„Квантас“ тврди дека ниту еден авион од нивната флота 737 NG не летал повеќе од 30.000 пати, а авионот со пукнатината имал помалку од 27.000 летови.
Австралиската авиокомпанија соопшти дека до утре ќе ги прегледа сите 33 авиони во својата флота.
И американскиот превозник „Саутвест Ерлајнс“ неодамна откри пукнатина во еден од своите 737 NG авиони.
Ново на Сител
-

На граничните премини Дојран и Табановце чекање до 40 минути, магла на Ѓавато и Пресека
-

Трамп: Разочаран сум, Зеленски не е подготвен да го потпише мировниот предлог на САД
-

Од денеска во Србија почнува пријава за легализација на дивоградбите
-

Антонио Кошта во посета на Париз и Даблин
-

Денеска е Св. Климент Охридски - Чудотворец
-

Променливо облачно време со сончеви периоди
-

Сиљановска - Давкова: Да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество и одново да ги научиме доблестите на св. Климент што ја одржуваат заедницата
-

Макрон се закани со нови царини доколку Кина не ја промени трговската политика
