Богољуб Кариќ бара отштета од 1,3 милијарди евра

Српскиот бизнисмен Богољуб Кариќ смета дека државата Србија му нанела штети во имот и добивка и бара надомест во износ од 1,3 милијарди евра, тврди „Српски телеграф“.
Весникот, повикувајќи се на неименувани извори, наведува дека Кариќ бара оваа сума да му биде надоместена со тоа што ќе стане сопственик на повеќе државни фирми и имоти, меѓу кои и банки, фабрики и земјишта.
На листа на фирми кои ги бара Кариќ, меѓу другите се и ПКБ и државните акции во „Комерцијална банка“, како и парцела во Белград на која сака да гради Тесла град.
Според „Српски телеграф“, на ваквото барање на бизнисменот се противи српскиот претседател Александар Вучиќ, поради што Кариќ сака да го смени од власта.
- Вучиќ на Кариќ в лице му рекол дека не сака да слушне за вакви комбинации и дека тајкуните и бизнисмените не можат да се богатат на сметка на државата, изјавил неименуваниот извор за „Српски телеграф“.
Според него, ваквото одбивање го налутило Кариќ, за што тој веќе разговарал со некои функционери на владејачката Српска напредна партија (СНС) на Вучиќ.
Изворот наведува дека Кариќ, кој е лидер на партијата Движење Силата на Србија (ПСС), е уверен дека е најпопуларен политичар во земјата и дека има „армија поддржувачи“.
- Тој е решен да го тргне Вучиќ од патот, додава соговорникот на „Српски телеграф“, додавајќи дека Кариќ веќе себе си се нарекува „српски Трамп“ и испраќа јасна порака дека поаѓа во пресметка и уривање на Вучиќ.
Ново на Сител
-

Македонија дел од голема меѓународна акција: Жртви во 50 држави и штета од над 4 милиони евра од интернет-измами
-

По седум години судење, Боки 13 ослободен од сите обвиненија
-

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1 милион евра
-

МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, ќе се достави до Собранието на усвојување
-

Лукашенко: Ако сега не ја запреме војната во Украина ќе избувне трета светска војна
-

Сиљановска-Давкова во Брисел: Очекуваме еднаков третман со другите земји кандидатки за членство во ЕУ
-

Мицкоски - Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка
-

Полскиот нуркач Бартоломиеј Питала предложен за почесен граѓанин на Скопје по истражувањето на пештерата Врело
