Богоевски до газдата на „Беса Транс“: Подобро да останеше во дупката, срамота!
Поранешниот пратеник Павле Богоевски, реагираше на социјалната мрежа фејзбук, во врска со обраќањето на газдата на „Беса Транс“, пет дена по тргедијата.
Богоевски, во статусот му посочи: „Не дечно ова не е тест на Алах, ова беше тест на нашите инспекциски, управни, царински и гранични служби“.
„Пет дена по трагедијата, газдата на БЕСА Транс, Беким Хаџиу конечно излезе од дупка и преку фб изрази сочуство на семејствата на загинатите, а несреќата ја опиша како "тест на Алах".
Не, дечко. Ова беше тест на нашите инспекциски, управни, царински и гранични служби.
Сите тие паднаа на тестот, давајќи ти на тебе и сличните криминалци да печалите пари на сметка на безбедноста на патниците кои се дрзнуваш да ги наречеш "семејство".
Подобро да останеше во дупката. Срамота“, се вели во статусот на пратеникот Богоевски.
Инаку, Јавното обвинителство покрена истрага врз агенција „Беса Транс“, а еден од автобусите, изгоре во несреќа, а со себе повлече и 45 животи на македонски патници. Само 7 лица едвај спасија „жива глава“.
Ново на Сител
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања
-
Манасков: Брутална партизација на образованието пред избори
-
Петрушевски: Обвинителот Коцевски служи на СДСМ, наместо на народот
-
Громорозно убиство во Штип
-
Екс директорот на Геријатрија обвинет за земање поткуп, седна во судница