Богоев: Турскиот државјанин сакал да ги пренесе обврзниците во странска држава

Запленетите обврзници во висина од 92 милиона долари не биле на име на странскиот државјанин кој на 28 јули годинава се обидел да ги пренесе преку државава во странство, соопшти Царинската управа.
Според директорот на Управата, Стефан Богоев, се води финансиска истрага со цел докажување дали станува збор за обид за измама или за перење пари.
-Соработуваме и со многу меѓународни партнери бидејќи сè во однос на овој случај е поврзано со странски банки, странска фирма и странски државјанин. Единствено е што обврзниците се лоцирани на наша територија и оттука секоја меѓународна помош е добредојдена, затоа што сè подлежи на детални и сериозни проверки. Контактирани се повеќе институции од коишто очекуваме да ни помогнат и сериозно да се вклучат, истакна Богоев во гостување на емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.
Тој потенцира дека должност на Царинската управа е детално да провери дали се работи за обид за измама, обид за перење пари или финансирање нелегални активности. Тоа е во насока на расветлување на случајот.
-Замислете каква би била реакцијата доколку некој патник вака се прошета и потоа во Германија, Франција, Италија, Шпанија се случи нешто што не треба. Да почне истрагата и од таму да се врати наназад и да произлезе дека патникот поминал на скопскиот аеродром без контрола. Наша обврска е да целосно и детално да извршиме проверка. Јас сум задоволен како досега Царинската управа ја водеше постапката и повторно се заблагодарувам на царинските службеници и шефот на царинска испостава Аеродром Скопје за успешно завршената работа, нагласи Богоев.
Патниците кои поминуваат на „зелен канал“, објаснува директорот, значи дека немаат ништо за пријавување. Притоа, нивниот багаж поминува низ скенер при што детално се гледа што имаат во куферите. Во конкретниот случај тоа биле 184 обврзници со поединечна вредност од 500 илјади долари или вкупно 92 милиони евра. Дополнително сомнително било што лицето давало конфузни изјави и не бил конзистентен во одговорите на прашањата од страна на царинските службеници и инспекторите од Секторот за контрола и истраги.
Богоев потенцира дека Царинската управа ќе продолжи да ја информира јавноста за тоа што може да се пренесе преку граница, што граѓаните можат да носат со себе и што мора да пријават.
-Со правилна едукација, но и санкции за оние кои се обидуваат да ги прекршат законите, Царинската управа продолжува со посветеност на борбата против криминал и заштита на општеството, наведува директорот во интервјуто.
Ново на Сител
-

Сељами: Институционални пропусти кај семејното насилство – неопходна е итна реакција и без формална пријава
-

Војната со Иран ја зголеми стапката на инфлација во еврозоната во март на 2,5 отсто
-

ОЈО ГОКК ќе истражува како 39 полицајци постапувале во случаите на пријавено семејно насилство против Стојанче Јовановски
-

Почина поранешниот директор и тренер на Вардар, Едуард Кокшаров
-

Сељами: Неможноста за полагање правосуден и нотарски испит на мајчин јазик е дискриминација
-

Сиљановска Давкова - Милатовиќ: Заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ, фокус е потребен на регионалната соработка
-

Јаневска: Направивме промени во Законот за високото образование за кои сметавме дека ќе го подобрат
-

Претреси во Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција | ФОТО
