Богоев не открива дали ќе биде новиот директор на Царина, но потврди дека се разговарало во партијата
Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев денеска не сакаше да открие дали ќе биде новиот директор на Царинската управа, иако, како што изјави, за ваква опција се разговарало внатре во партијата.
– Ова може да го потврди или негира Владата која го поставува директорот на Царина. Ние сме разговарале за партијата за таа можност. Директор на Царина назначува Владата и тоа е во ингеренција на централната власт. Јас како локална власт не би можел да прејдицирам одлуки на Владата. Можам да потврдам дека внатре во партијата сме разговарале за ваква опција, изјави Богоев, одговаракјќи на новинарски прашања по денешниот увид на градежните работи на улицата „Париска“ во Тафталиџе 1.
СДСМ во средата за кандидат за градоначалник на Карпош го предложи Душко Весковски, актуелен директор на ЈП „Водовод“ Скопје. Генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски изјави дека Богоев ќе биде назначен на некоја функција во извршната власт.
Ново на Сител
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП