Богдановиќ за Сител: Инспекторите беа на Водно, утре финално ќе се знае што се гради
Не станува збор за никаква конкретна градба, бидејќи таму не е затекнато работење, односно поставување на темели, ископи на градежни јами туку тоа било само нивелирање односно рамнење на терен. Вака градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ ги коментира работните активности на Водно кои ги затекна и обелодени екипата на Сител.
- Сепак станува збор за доста парцели кои се приватни имоти. До утрешниот ден треба да ни ги достават сите активности кои ги имаат таму. Бидејќи на голем дел од местата каде што се посочени се наоѓаат приватни парцели коишто се земјоделско обработливо земјиште, вели Богдановиќ во своето интервју во Дневникот на Сител ТВ.
Градоначалникот во заминување на Општина Центар вели дека доколку се востанови прекршување на која било процедура, односно правење на нешто спротивно на законот ќе си добијат соодветни решенија и постапки, а ако станува збор за планско и непланско градење спротивно на законот ќе си добијат соодветна кривична пријава.
- Ние од тоа што го затекнавме на терен, имаше рамнење на терен и немаше отстранување на зеленило, дрва итн. но сепак побаравме од сопственикот на земјиштето да дојде утре да ја достави целата документација со што ќе бидеме запознаени кои се плановите и активностите, вели Богдановиќ.
Тој додава дека во тој дел има многу приватни парцели кои се земјоделско обработливо земјиште.
- Морам да предупредам дека има многу приватни парцели кои се земјоделско обработливо земјиште, лозја. Можеби станува нешто во тој дел да се работи, но сепак како инспекција проверивме на лице место дека нема градежни активности, така што утре ќе ја дознаеме целата вистина, додава Богдановиќ.
Информација дека на тоа место ќе се гради кафуле Богдановиќ ја коментира дека таму е вонградежна линија каде не е дозволено никакво градење.
- Локацијата каде што имало движење на одредена механизација, таму е вон градежна линија, значи вон детален урбанистички план и вон генерален урбанистички план. Што значи, по никој основ не може да се гради било каков објект. Ништо не смее да се гради, рече Богдановиќ.
Богдановиќ најави соодветни пријави доколку се забележат градежни активности.
- Доколку видиме една лопата да се стави каков било градежен материјал тогаш ќе се донесе соодветна пријава, рече Богдановиќ.
Додава дека по нивни сознанија станува збор за приватна парцела и земјоделско обработливо земјиште.
Ново на Сител
-
Русија утринава почнала масовен ракетен и напад со дронови врз Украина
-
ЛШ: ПСЖ ја пречекува Борусија и се надева на второ финале
-
„АстраЗенека“ ја повлекува од пазарот во ЕУ својата вакцина против Ковид-19, неколку месеци по признавањето за нуспојави
-
Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување на процесот не е утврден
-
Двојните избори ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, акредитирани за известување се и 83 странски новинари
-
Упатство за гласање
-
Отворени избирачките места
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 гласачи