Богдановиќ и Пендаровски во посета на новото основно училиште во Капиштец

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и Националниот координатор за подготовка на Република Македонија за членство во НАТО, Стево Пендаровски, денеска го посетија новото училиште во Капиштец, што е во фаза на изградба.
Грижата за младите, рече Богдановиќ, е наш основен приоритет и затоа како општина вложуваме во нивното образование.
- Денеска сме во Капиштец, населено место со 12. 000 жители, во кое децата мораа да пешачат бидејќи тука нема основно училиште. Ова ново училиште чија изградба е во завршна фаза ќе биде прво основно училиште во општина Центар по цели 48 години. Во моментов се подготвува темелната плоча за третиот и последен дел од училиштето. Овој дел е предвиден за инклузивна настава, а во него ќе биде сместен и Центарот за деца со детска парализа. Ова е прв пример на училиште на Балканот, каде што инклузијата од ваков тип се изведува по сите европски стандарди и каде учениците со потешкотии во развојот и попречености ќе имаат еднаков третман со останатите ученици, нагласи градоначалникот Богдановиќ.
Досега, појасни, се изградени кабинетите, училиниците, спортската сала и ботаничката градина, каде е започнато поставување антибактериски подови.
- Подното греење е веќе поставено и ова училиште е прво и единствено во Македонија, каде има ваков тип на греење. Исто така и инсталациите за еколошко лед осветлување се завршени.Ова ново и најсовремено училиште ќе има и енергетско ефикасна фасада, која е веќе поставена во целост, подвлече градоначалникот.
Со ова училиште, посочи Богдановиќ, во целост ги задоволуваме европските стандарди за квалитетни услови за основно образование за нашите деца и претставува еден од нашите чекори кон реализација на нашата европска визија.
- Како општина ќе работиме нашите деца да ги добијат најдобрите европски услови за учење и престој, изјави Богдановиќ.
Националниот координатор за подготовка на РМ за членство во НАТО, Стево Пендаровски, потенцираше дека во 2016 година токму од изборната единица 1, каде што се наоѓа општина Центар бил избран за пратеник. Новото училиште, рече меѓу другото, е со финансиска поддршка на Светска банка на почетокот, а за внатрешно уредување на училиштето се очекуваат и европски пари.
- Од градоначалникот чув дека знаат како се аплицира за европски пари, нешто што не е лесно. 262.000 евра дневно влегуваат од ЕУ, замислете колку ќе пораснат тие фондови кога ќе станеме членка на ЕУ. Државите од регионот кои се членки на ЕУ имаат огромен процент на искористеност на овие фондови. Ова училиште ќе биде најголемо, дури и во регионот и се гради по највисоки европски стандарди. Тоа е она за што ние се залагаме и ја бараме поддршката на 30 септември за да можат меѓународните и европските стандарди да бидат донесени во сите области. Ова е за да можеме со полно право да кажеме дека сме дел од Европа, во спротивно ќе останеме изолирани, рече Пендаровски.
Пендаровски потенцираше дека кај граѓаните е созреана свеста и оти на 30. септември треба да гласаат за Европска Македонија.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
