-->
-->
Богата фолклорна програма на Интернационалниот фестивал „Св. Јоаким Осоговски“
-->
Фолклорни ансамбли од Македонија, Романија, Словачка, Србија, Турција, Босна и Херцеговина и Бугарија настапија синоќа на градскиот плоштад во Крива Паланка во рамки на третата и последна фестивалска вечер од Интернационалниот фолклорен фестивал „Св. Јоаким Осоговски“.
Пред започнувањето на официјалната програма се одржа свечено дефиле низ главната градска улица на кое продефилираа ансамблот „Маковица“ од Свидник, Република Словачка, фолклорна група „Лугојана“ од Лугож, Романија, Брековица, културно-уметничкото друштво „Ново Селиште“ од Бор, Република Србија, народен фолклорен ансамбл „Шумен“, Р.Бугарија, КУД „Понос“, Брековица, Босна и Херцеговина , КУД „Младост“, Ковин, Република Србија, „Спарта“ од Турција и КУЗ „Фолклористи“ од Крива Паланка.
- Единаесеттото издание на Меѓународниот фестивал, изминатите три дена ја направи нашата општина дом на различни култури од седум земји. Учесниците ги разубавија миговите пред отпочнување на чествувањето на двата големи христијански празници, Успение на Пресвета Богородица и Свети Јоаким Осоговски кога Крива Паланка и манастирот ги посетуваат илјадници верници, рече градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Тој појасни дека за разлика од претходните години, последната фестивалска вечер се одржува ден пред 28 август, поради тоа што овој ден треба да биде резервиран исклучиво за чествување во божјите храмови. Ги покани сите верници од земјава и пошироко да ја посетат Крива Паланка, црквата посветена на Пресвета Богородица и манастирот и да уживаат во претстојните празници.
Меѓународниот фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ е дел од програмата на манифестацијата „Топол културен бран 2015“, која ја организираат општина Крива Паланка и Националната установа Центар за култура, Крива Паланка, под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија.
На годинашното фестивалско издание настапија 13 културно - уметнички друштва и фолклорни ансамбли од седум држави.
Следен настан од „Топол културен бран“ во Крива Паланка е изложбата „Акварелот од колекцијата на Националната галерија на Македонија“ која ќе се одржи утре вечер со почеток во 20 часот во локалната установа Градски музеј, Крива Паланка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија
-
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша Маск за изјавата на Зеленски дека „САД не можат ја принудат Украина“
-
Тепачка помеѓу малолетници во Штип
-
НАТО: Руските напади врз електричната мрежа на Украина ги тероризираат цивилите
-
Мајка и две ќерки нападнале малолетно девојче на свадба во Куманово
-
Победа над Фарски Острови - Македонија прво место во четвртата група
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина