Живот
7. July 2017 - 11:24

„Боемската рапсодија“ во изведба на „хор“ од 65.000 луѓе

Американската група „Грин Деј“ настапи во лондонскиот Хајд Парк пред 65.000 луѓе. 

Но, пред излегувањето на бендот на бината од разгласот беше пуштен најголемиот хот на легендарниот Федри Меркјури и групата „Квин“, „Боемска Рапсодија“ кој насобраната маса ја запеа на глас. 

Тоа што се случи може да се опише како нешто прекрасно, а коментарите на социјалните мрежи најдобро го опишуваат чувството кое обзема додека се гледа снимка.

„Се наежив по целото тело”. „Ова ми ги разбуди емоциите”, „Фреди го гледа ова и се семе”, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.