Бочварски во Тирана: Воспоставувањето сигурен и безбеден транспортен систем е приоритет
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на Самитот за патишта на Западен Балкан што во организација на Секретаријатот на Транспортната заедница се одржува во Тирана, ги потенцираше инвестициите во доизградба и модернизација на Коридорите 8 и 10, како и воспоставувањето на сигурен и безбеден транспорт преку формирање на Агенцијата за безбедност и воспоставувањето на Интелигентните транспортни системи на Коридор 10.Во своето обраќање министерот Бочварски ги потенцираше
-Воспоставувањето сигурен и безбеден транспортен систем е еден од нашите приоритети и вклучува подобрување на безбедноста во сообраќајот, воведување на информатички технологии и имплементација на интелигентни транспортни системи во транспортниот сектор. Една од позначајните активности на Министерството за транспорт и врски е формирање на Агенција за безбедност на патиштата кое ќе ги креира, координира, иницира и управува активностите и мерките во областа на безбедноста на патиштата, истакна Бочварски.
Тој рече дека очекуваат телото да биде формирано до крајот на оваа година и на овој начин да се приклучуваме на иницијативата на Европската Унија за намалување на бројот на несреќи на патиштата.
-Исто така очекуваме до крај на 2024 година целосно да го имплементираме ИТС системот на Коридор 10, додаде министерот Бочварски.
Покрај министерот Бочварски, како што е наведено во соопштението од Министерството за транспорт и врски, на Самитот присуствуваат и министрите за транспорт и инфраструктура на Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина.
На Самитот министерот Бочварски потпиша Декларација за патишта со која се обврзуваат земјите од Западен Балкан да создадат паметна, безбедна и одржлива патна инфраструктура, како дел од единствената транспортна мрежа на Европската Унија.
Декларацијата подразбира воспоставување сет на мерки за подигнување на безбедноста на патиштата како и воведување на интелигентни системи кои ќе обезбедат повисоко ниво на ефикасност на транспортниот систем во целина.
Во рамки на Самитот министерот Бочварски, како што е наведено во соопштението, остварил билатерална средба со министерот за инфраструктура, градежништво и сообраќај на Република Србија, Томислав Момировиќ.
На средбата двајцата министри разговарале за отворањето на заедничката железничка станица како и потенцијалите на карго транспортот долж Коридорот 10.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни и поранешен директор на АР
-
Филипче: Разбирам зошто граѓаните се загрижени, но ЕУ процесот мора да продолжи
-
Студентите бараат зголемување на износот за субвенциониран оброк
-
Екс директорот на АНБ негира незаконско следење на комуникации, Мицкоски вели - сите ќе одговараат
-
Се води истрага кој го подметнал пожарот на Вардариште, надлежните си ја префрлаат одговорноста
-
Почна селекцијата за судија во Стразбур
-
Две години затвор за Љамалари за нападот врз градоначалничката Арсовска
-
На Татјана Димитровска ќе ѝ се суди во одделна постапка од „Адитив“