Бочварски очекува денеска да биде доставен извештајот за автопатот Кичево-Охрид
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски очекува денеска да биде доставен експертскиот извештај за автопатот Кичево -Охрид кој го гради кинеската „Синохидро“.
Како што денеска изјави одговарајќи на новинарско прашање од МИА при посетата на Делчево, Бочварски рече дека откако ќе биде доставен извештајот, информацијата ќе биде разгледана на Влада.
- Очекувам денеска да биде доставен извештајот до Јавното претпријатие за државни патишта од страна на ФИДИК експертите и надзорот и потоа да биде аплицирана информација на Влада и на наредната недела да ја разгледаме таа точка заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта и експертите, со што сите министри во Владата ќе бидат информирани за состојбите и да го одбереме најдобриот модел за овој значаен инфраструктурен проект, изјави Бочварски.
Тој не сакаше да прејудицира дали ќе биде раскинат договорот. Најважно е, рече, секој чекор што ќе го направи државата во следниот период да биде согласно насоките на експертите.
Ново на Сител
-
30-дена притвор за Раде Штекли и уште девет лица
-
Американските „тиктокери“ губат потенцијални милиони долари со забраната
-
19-годишник кој превезувал мигранти бегајќи од полиција удрил во работна машина на пат
-
Ново рочиште за судењето за убиството на Вања и Панче
-
Биткоинот достигна рекордна вредност од над 109.000 долари во очекување на инаугурацијата на Трамп
-
ЦУК: Турски туристи спасени кај Кањонот Матка
-
ЕП ќе расправа на прва пленарна седница за 2025 година
-
Мицкоски ќе присуствува на инагурацијата на Доналд Трамп во Вашингтон