Бочварски: Ќе продолжиме со работа на сите клучни инфраструктурни проекти
Работиме на дополнителна изградба на Коридорот 8 кон Бугарија, т.е. железничката пруга, со што ќе ја отвориме железницата кон Исток, а од друга страна работиме на сите инцијативи кои се позитивни за граѓаните и државата, но тоа се процеси кои се долгогодишни и за кои се бара долго време проектирање, реализација и изведба на таквите проекти, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски одговарајќи на прашање на МИА за меѓународните железнички линии на денешната прес-конференција во Владата.
Како пример тој го наведе Коридорот 8 кон Бугарија, пруга која ќе ја чини државата преку 600 милиони евра.
- Имаме сериозна поддршка и од европските фондови и од ЕУ и тоа е нешто што државата го прави како стратешки интерес за поврзување со целиот регион, потенцира Бочварски.
Според Бочварски, од почетокот на Ковид-пандемијата железничкиот сообраќај доживеа силен удар, иако и претходно функционираше со потешкотии.
- Тоа предизвика да имаме намалување на бројот на превезени патници и намалување на обемот на сообраќај, имајќи предвид дека ние во моментот на Коридорот 10 реконструираме една делница од Ногаевци до Неготино, што го отежнува сообраќајот по Коридорот 10. Од друга страна имаше застој на сообраќајот во Грција, претходно имаше намалување на сообраќајот во Србија, сето тоа предизвика намалување на конкурентноста на железничкиот сообраќај, рече Бочварски.
Министерот очекува во наредните години да продолжат со работа на сите овие клучни инфраструктури проекти, со што кога ќе ги имаме овие отворени линии и ќе имаме и зголемен сообраќај - меѓународен, патнички и товарен на сите дестинации.
Ново на Сител
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
-

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
-

Еуродизелот поевтинува за два денара, цените на другите горива остануваат исти
-

Приведени двајца соственици и управители на златара поради сомнение за даночно затајување со што е оштетен држвниот буџет од 64.924.298 денари
