Бочварски го потпиша договорот за имплементација на БРТ во Скопје
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска го потпиша договорот за имплементација на Системот за брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје, во соработка помеѓу Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии и Градот Скопје.
Имплементатор на проектот е Градот Скопје, а средствата во висина од 70 милиони евра за реализација на овој проект се обезбедни преку Владата на Република Северна Македонија.
Проектот подразбира изградба на два нови терминали, на транспортни центри, обезбедување на непречено сообраќање на автобусите, како и набавка на нови еколошки автобуси кои користат ЦНГ.
Новиот систем е предвидено да има две линии кои ќе го поврзуваат градот по линија исток-запад, првата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и втората линија север-југ, од Бутел до Пинтија, а двете линии ќе се преклопуваат во центарот на градот.
Преку овие инвестиции, Владата преку Министерството за транспорт и врски ја спроведува транспортната политика за ефикасен и еколошки транспорт во урбаните средини.
Ново на Сител
-
Сообраќајот на автопатот Демир Капија-Смоквица од денеска само по левиот тунел
-
Без струја неколку скопски општини, без вода дел од Кисела Вода
-
Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
Зеленски: Русија го игнорира предлогот на САД за прекин на нападите
-
Трамп соопшти дека е постигнат „голем напредок“ во трговските преговори со Јапонија
-
Најмалку двајца загинати и 28 повредени во руски напад на украинскиот град Днепар
-
Сончево со умерена облачност, нестабилно приквечер и во текот на ноќта
-
Миланов: Контролата на безбедноста на храната е на АХВ, но одговорноста за небезбедна храна е на операторите