Бочварски: До крајот на мај верувам дека ќе ја пуштиме првата делница од експресен пат Штип-Радовиш
Новиот експресен пат Штип-Радовиш првата делница од мостот на реката Брегалница до клучката кај рудникот „Бучим“ ќе биде пуштена за сообраќај кон крајот на месецов, најави денеска од Штип министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
-Оваа пролет ќе биде пуштена првата делница на патот Штип-Радовиш. Во моментов се прават последните извештаи на Надзорните органи, пред пуштањето на првата делница Штип-Радовиш, со којашто сакам да кажам ќе се избегнат најлошите црни точки на овој пат, односно на стариот постоечки пат, вели Бочварски.
Тој очекува наскоро да биде пуштен и целосно регионалниот пат Крупиште-Пробиштип, кој изминатиот период беше темелно реконструиран. Бочварски истакна дека во источниот регион се работи на нови патишта, со што како што вели овој регион добива нов сјај во патната инфраструктура.
-Тоа е уште еден доказ дека работиме напорно на подобрување на квалитетот на инфраструктурата, но и на безбедноста на граѓаните, коишто патуваат по патиштата, вели Бочварски.
Ново на Сител
-
ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти, поголема во однос на 8 мај
-
Умерен земјотрес во Романија
-
Говор на омрза врз срцето со македонско знаме и букви на натписот Гостивар
-
Просечната нето плата во март 40 496 денари
-
Милевски го објави списокот за натпреварите против Хрватска и Чешка
-
Спречен влез на 1,7 тони медикаменти штетни по здравјето на граѓаните
-
Кина најави санкции за американски одбранбени компании
-
Променливо и нестабилно време и во наредните денови