Симеоне по поразот од Севиља: Мора да се подобриме во преостанатите девет кола
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне очекува неговите избраници да бидат подобри од изданието ана синоќешниот дуел со Севиља во 29. коло на шпанскиот фудбалски шампионат.
Атлетико загуби со 1:0 и им дозволи на ривалите за титулата да му се приближат.
– Тоа беше тежок натпревар. Знаевме дека ќе биде така. Почнавме да играме подобро од 30-та минута, но немаше многу опасни ситуации. Ние мора да продолжиме да се подобруваме, да работиме напорно и да се подготвуваме добро за она што претстои. Пред нас е една недела кога сите играчи ќе бидат на располагање, иако неколкумина нема да можат да играат против Бетис поради дисквалификации. Останаа девет натпревари, мора да се подготвиме добро, изјави Симеоне официјалната веб-страница на клубот.
Атлетико останува на првото место во поредокот во Ла Лига со 66 бода. Втор е Реал Мадрид со 63 бода, додека Барселона има 62 бода и натпревар помалку. Севиља е четврта со 58 бодови.
Ново на Сител
-
Естонија привремено ја затвора североисточната граница со Русија
-
Мартинез: Роналдо е во португалската репрезентација затоа што тоа го заслужува
-
Во новата Влада ќе има 20 мажи и три жени, просечната возраст 47 години
-
Осум пожари во изминатото деноноќие, активен пожарот кај кичевското село Цер
-
Собранието ја почнува седницата за избор на новата влада предложена од Мицкоски
-
Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје поради „Парадата на гордоста“
-
Неделен возен ред на јавниот превоз, ќе работат и билетарниците