Боби Кристина погребана до нејзината мајка Витни Хјустон
Телото на Боби Кристина погребано е денеска на гробиштата во Њу Џерси покрај нејзината мајка Витни Хјустон.
Телото беше донесено од нејзиниот дом во Њуварк, а на погребот присуствуваа само роднини и пријатели. Во близина на гробот се појавија и фановите, а еден од нив рече дека присуствува во знак на поддршка на семејството Хјустон и дека тука е заради починатата Витни.
- Пред три години на ова место бев и заради Витни Хјустон, рче Мајкл Тарашук.
Семејниот пријател, ТВ водителот Кевин Фрејзер изјави: - Не беше тоа погреб на славна личност, туку на девојче чии роднини не можеа да сфатат зошто толку брзо се врати на ова место.
Боби Кристина (22) почина во болница на 26 јули, шест месеци откако во нејзиниот дом во Атланта беше пронајдена во безсвесна состојба.
По инцидентот, никогаш не се разбуди од кома, а шестмесечната борба и грижа за нејзиниот живот на семејството и нанесе многу болка.
Мајката на Кристина, славната пејачка Витни Хјустон се удави во када во хотел во Лос Анџелес во 2012 година, ноќта на доделувањето на Греми наградите. Боби Кристина е единствното дете кое го имаше со R&B пејачот Боби Браун. Заедно почнаа да настапуваат во 1999 година.
Смртта на Кристина се уште е обвиткната во голема тајна, додека полицијата го истражува целиот случај.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот