-->
-->
Бобан Николов даде гол во победата на МОЛ Фехервар
-->
Македонскиот репрезентативен фудбалер, Бобан Николов, постигна гол во победата на неговиот тим МОЛ Фехервар на гостувањето кај ДВТК од 3:1.
Николов го постигна третиот гол за гостите, и тоа ја запечати победата, но и привремено го искачи својот тим на чело на табелата во унгарското првенство, бидејќи Ференцварош сега има послаба гол-разлика, но и два меча помалку.
На дуелот со ДВТК целиот меч во дресот на МОЛ Фехервар го одигра и другиот македонски репрезентативец, дефанзивецот Висар Муслиу. За Николов ова е втор гол во последните три меча, откако погоди и во победата на С. Македонија против Израел во квалификациите за ЕП 2020.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје