Македонија
4. јуни 2021 - 11:23

Блокирани сметките на илјадници граѓани од страна на УЈП

Управата за јавни приходи преку Центарот за наплата за глоби изминатите денови до граѓаните достави приближно 14.000 решенија за присилна наплата (најголем број сообраќајни прекршоци изречени од страна на МВР за сторен сообраќаен прекршок, Мин за тран и врски и др државни органи)

Половина од нив или околиу 7000 добија блокирани трансакциски сметки, за износи од сума од приближно 3000 денари.

Останатите, или приближно околу 7000 граѓани, добија решение за присилна наплата од плата, кај своите работавачи ( за казни од МВР, СУД, Мин за транспорт, во висина од 100 до 500 евра.

Со оваа рестриктривна мерка во празниот Буџет ќе се слејат повеќе од 2 милјони евра, пари од џебот на граѓаните.