Блокада за депонирање на комуналниот смет од тетовските општини

Жители од неколку села кои гравитираат околу депонијата Русино, синоќа го блокираа транспорот и депонирањето на комунален смет од тетовскиот регион. Тие се незадоволни од непочитувањето на нивните барања кои претходно беа договорени со локалните самоуправи од полошкиот регион.
Од синоќа пред полноќ, жители на Сушица, Симница, Ѓоновица, Долна и Горна Бањица поставија барикади од автомобили, камиони и земјоделска механизација и не ги пропуштија камионите кои требаше да истоварат смет на депонијата.
- Не се почитува договорот. Камионите требаше да се движат во ноќните часови по локалниот пат, а не преку целиот ден. Ниту едно од нашите барања, на чие исполнување градоначалниците се обврзаа со договор, не е исполнето. Нема да ги пропуштаме камионите, тоа е ставот на повеќе месни заедници, беше кажано на протестниот собир.
Блокадите според најавите ќе продолжат и денеска, со што ќе биде оневозможено депонирањето на комуналниот смет од тетовскиот регион.
Ново на Сител
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското Езеро
-

Поштата во Струмица доби шест нови возила
-

Земјоделски експерти - битката за здрава храна почнува од нивата
-

Преглед на вестите од светот
-

Ниту еден од деветмината обвинети полицајци за Пулс не се чувствува виновен
-

Една одлука спасува 8 човечки животи – органодонорството како најголема светилка во животот
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската амбасада
