Блок 1 на РЕК Битола ќе биде плански исклучен во наредните два дена
Од денеска попладне, па во наредните два дена Блок 1 на РЕК Битола ќе биде плански исклучен од електроенерегетскиот систем на Република Северна Македонија. Краткотрајниот прекин во работењето е со цел зголемување на доверливоста и стабилноста на постројката, информираат од АД ЕСМ.
Оттаму потсетуваат дека годинава, со оглед на енергетската криза во државата и Европа, РЕК Битола нема да прави класични ремонти на блоковите, туку ќе ги користи приликите за техничко – технолошки зафати за санација и нега на производствените погони согласно околностите. Во меѓувреме, продолжува со работа Блок 2 на РЕК Битола.
-АД ЕСМ ги обезбедува потребите за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи исклучливо од сопствено производство. Струја не се увезува и не се планира увоз на електрична енергија од странство ниту во следните денови, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Трипуновски: Се ажурира базата на податоци на педолошката карта за засејување земјоделски култури
-
Ништо ново за патот на Македонија кон ЕУ нема да донесе посетата на Калас во Скопје
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Екс директорот на Онкологија Нино Васев обвинет за сериозни кривични дела
-
За пожарот во Кочани досега сослушани 300 сведоци
-
13 лица осомничени за незаконско издавање дозволи за привремен престој на странци
-
Славески ќе се избира за гувернер на 3 јуни
-
Потпишан договорот за стратешко партнерство