Блиндираната лимузина на рускиот претседател Путин оди на продажба
Лидерот на „слободниот свет“ се вози во кадилак, додека претседателите на другите земји скоро секогаш преферираат Мерцедес.
Примерот кој го потврдува правилото е токму овој Mercedes-Benz S600 Pullman Guard од 1995 година, поставен на на продажба од страна на германската куќа Mobile.
Во овој примерок се возел рускиот претседател Владимир Путин, пред да почне да ја користи специјално дизајнираната Porsche лимузина, односно BMW серија 7 кој неодамна имаше драматична несреќа во Москва.
Лимузината е оклопена со B6/B7 нивоа на балистичка заштита, има три реда на седишта и V12 мотор од 6 литри и 394кс.
Состојбата на овој Mercedes-Benz S600 Pullman Guard е идентична од времето кога бил користен како официјално претседателско возило, на одометарот покажува 25.000 изминати километри, а имајќи ја во предвид неговата намена цената од дури 1,3 милиони евра можеби и не е толку претерана.
Ново на Сител
-
Плата за живот
-
179 загинати и двајца преживеани во авионска несреќа во Јужна Кореја
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза