„Блиц“: Зaпадот смета дека е рано за формирање косовска армија

Најмоќните западни земји сметаат дека се уште не е време за формирање на косовска армија и дека властите во Приштина не би требало да се решат на таков чекор без претходен договор со Белград, тврди во денешниот број српскиот весник „Блиц“, повикувајќи се на западни дипломатски извори од главниот град на Косово.
Според весникот, иако западните земји го поддржуваат постоењето на Безбедносните сили на Косово, тие сепак не се согласуваат на нивна трансформација во Вооружени сили на Косово во блиска иднина.
- Во некој момент во иднина, Косово ќе добие свои вооружени сили, но тоа нема да се слули наскоро. Оваа тема, пред се, мора да биде дел од процесот за нормализација на односите со Белград. Нема да одобриме евентуални еднострани одлуки на Приштина, навеле исите извори за „Блиц“.
Според дипломатите, од голема важност е идната косовска армија да добие „широка согласност“ и од Србите во Косово.
Еден од соговорниците на „Блиц“ оценил дека косовскиот премиер Иса Мустафа и шефот на дипломатијата Хашим Тачи „ја лансирале приказната за формирање на армија, со цел да го одвлечат винманинето на јавноста од за нив непријатни теми“.
- Бриселскиот договор со Белград, формирањето на Заедницата на српските општини и особно на Специјалниот суд за воените злосторства на ОВК, предизвикаа вистинска бура во радикалните кругови во Косово, а Мустафа и Тачи беа обвинети за предавство. Нивната најава дека наскоро ќе формираат армија, служи само за одвлекување на вниманието од компромисите што ги прават со Србија и ЕУ, вели западниот дипломатски извор за „Блиц“.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
-

Кривична за полицаец кој малтретирал приведено лице во градски парк
-

Курти гаѓан со јајца – хаос во Собранието на Косово
-

Внимавајте: МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата викендов | ВИДЕО
-

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор
