Спорт плус
9. August 2015 - 9:12

Блажевски со Б-норма за Рио на 400 мешано

Македонскиот пливач Марко Блажевски успеа да исплива Б норма за Летните Олимписки игри во Рио следната година. Тој претпладнево во квалификациите на 400 метри мешано на СП во Казањ постигна резултат 4:25.57, а Б нормата изнесува 4.25.69 минути.

Во својата група го освои 4.место, а вкупно беше 33-ти во конкуренција на 41 пливач. Најдобар резултат во квалификациите имаше Американецот Калиш 4:11.83 минути.
Претходно на СП Б норма во две дисциплини 100 и 200 метри слободно исплива и Анастасија Богдановски.
Нашите пливачи ќе останат во Русија уште неколку дена бидејќи на 11 и 12.август во Москва ќе се одржуваат натпревари од ФИНА Светскиот куп.