Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до државите кои помогнаа по трагедијата во Кочани
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во име на македонските граѓани и во свое лично име изразува најискрена благодарност до сите пријателски држави што во моментите на национална трагедија и шок, предизвикани од кочанската апокалипса, пружија и сè уште пружаат навремена и несебична помош, водени од принципите на солидарност и хуманост, соопшти Кабинетот на претседателката на државата.
Во соопштение Кабинетот наведува дека ангажманот на нивните медицински тимови, подготвеноста на авионите и хеликоптерите за итна интервенција, отворањето на здравствените установи за повредените граѓани, како и активирањето на Европскиот механизам за цивилна заштита, „испратија недвосмислена и силна порака дека во најтешките моменти не сме сами“.
-Тие ја делеа болката со нас, а нивната грижа стана наш заеднички лек. Ја почувствувавме силата на вистинското пријателство преку нивната присутност и поддршка, којашто ќе остане врежана во колективната меморија на нашиот народ. Тажно е што низ болката и ненадоместливата загуба ја спознавме суштинската поврзаност со светот и длабокото чувство на припадност, нешто што не требаше да биде плод на трагедија, се истакнува во соопштението на Кабинетот на Сиљановска-Давкова.
Како што се наведува, „од срце сме им благодарни, никогаш нема да ја заборавиме помошта од: Република Србија, Република Бугарија, Република Турција, Хеленската Република, Кралството Шпанија, Република Австрија, Унгарија, Република Хрватска, Кралството Белгија, Италијанската Република, Република Литванија, Република Словенија, Кралството Шведска, Република Полска, Државата Израел, Република Чешка, Обединетото Кралство, Сојузна Република Германија, Големото Војводство Луксембург, Кралството Норвешка, Романија, Република Албанија, Босна и Херцеговина, Кралството Холандија, Република Финска, Француската Република, Европската Унија“.
Ново на Сител
-
Кривични пријави против две правни и две физички лица за бесправно градење
-
Сијарто: Не е само до Бугарија, членките во ЕУ што го поддржуваат проширувањето кон Западен Балкан се малцинство
-
Пуштен патот од Охрид до Св. Наум, со 11,7 милиони евра обновени 24,4 километри
-
Трамп: Израелските напади врз Иран се одлични
-
На огласот за самовработување пријавени над 2500 лица
-
Вкупниот промет во индустријата зголемен за 6 проценти во април на годишно ниво
-
Иран соопшти за најмалку 95 повредени во израелските напади во текот на ноќта
-
Израелски авиони извршија нов напад врз Иран