-->
-->
Благодарна сум што сум жива - мојот љубоморен маж ме поли со бензин и ме запали
-->
Светлана Урошевац (45) на 18 јануари имала жестока караница со својот сопруг Радиша, а тој потоа ја полил со бензин и ја запалил.
-Лекарите велат дека заздравувањето ќе трае долго. Имав неколку трансплантации на кожата, а се уште имам рани по целото тело. Сепак, благодарна сум што сум воопшто жива, вели таа.
Нејзиниот сопруг, тврди таа, бил многу љубоморен, особено на денот на расправијата.
-Никогаш нема да го заборавам тој ден. Ме поли со бензин и ме запали, како на филм! Телото ми гореше во пламен. Не ми беше верно дека тој ми го направи тоа. Ни го упропасти мојот и живото на моите деца, објаснува Светлана.
Светлана вели дека до несреќата дошло откако дента имале жестока расправија поради неговата љубомора.
-Тој ден дојде од работа и во нашиот стан го сретна комшијата. Тој полуде, мислеше дека му седев во скут. Тогаш започна да ме удира по главата. Откако ме претепа, ме однесе во станот на нашите синови, а неколку часа подоцна се врати. Кога влезе видов дека во рацете има канистер со бензин, се присетува таа, во изјава за српски Телеграф.
Пред да сфатам што се случува, продолжува таа, ме поли со бензин и ја чкрапна запалката. Во истиот момент телото ми се запали. Се обидов да побегнам во бањата, го зграпчив тушот и започнав да се поливам со вода. Потоа истрчав во ходникот, а оттука веќе не се сеќавам на ништо.
45% од нејзиното тело било изгорено, а 5 месеци веќе лежи во Ургентниот центар.
-Првите три месеци бев како растение. Не бев свесна што се случува поради јаките лекарства ко ги примав. Три месеци си ги немав видено синовите. Од болница излегов на 18 јуни. Многу ослабев а организмот ми е исцрпен. Лекарите велат дека закрепнувањето ќе биде долг процес, а до сега имав неколку трансплантации на кожата, објаснува Светлана.
Нејзиниот брат донирал кожа, за таа да биде спасена и за да може колку толку да се врати во нормала.
Таа вели дека Радиша во принцип бил добар кон неа и нејзините синови, кои многу мали останале без татко.
-Знаеше повремено да збесне и тогаш беше насилен. Сега ми е жал што на време не се разведов од него. Целиот наш брак, кој траеше 4 години беше топло-ладно. Постојано се расправавме, а понекогаш и ме тепаше. Често го напуштав, но секогаш се враќав. Да знаев дека нешто вакво ќе ми се случи, не би останала со него, тврди Светлана.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување