Black Friday во Техномаркет за попусти до 70 отсто на голем број производи
Утре е Black Friday, најпознатиот празник за сите љубители на големите попусти и купувањето, а Техномаркет како еден од промоторите на овој светски познат шопинг ден за сите граѓани овозможи попусти и до 70 отсто пониска цена на своите производи.
Популарниот Black Friday првично се појавува во 1960 година во САД како дел од предновогодишните и божиќните прослави, но за брзо време се проширува и станува тренд движење на големи попусти и промоции низ сите продавници во светот. Во Македонија овој празник го воведе Техномаркет, бренд кој што веќе трета година по ред за овој празник на своите потрошувачи им нуди можност за купување на вредни предмети за домаќинство и бела техника по многу ниски цени.
Голем избор од производите на познатите светски бреднови што се во ограничена количина ќе бидат на попуст во сите продажни салони на Техномаркет ширум државата, а граѓаните ќе имаат шанса да ги искористат намалените цени и си ги купат омилените и потребните апарати за домаќинството, вклучувајќи и телевизори, компјутери, мобилни телефони и разни други производи.
Ново на Сител
-
ЦУК: Од вкупно 22 пожари на отворен простор се уште активни се пет
-
Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија
-
Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути
-
Тошковски: Постапуваме за дивоградбите, имаме наредба од ЈО, резултати наскоро ќе бидат видливи
-
Обвинителството поднело жалба за мерката куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл што прегази маж на Кеј и избега
-
Бајач oд скопско наплатил 400.000 евра на брачен пар за да растури „зла магија“ направена на нивниот син | ФОТО
-
Националната мрежа на земјоделци смета дека откупната цена на лебното зрно од 12 денари е ниска
-
ЦУК: Осум пожари на отворен простор, четири се активни