Бјорн Кујперс од Холандија ќе го суди финалето на УЕФА ЕУРО 2020 помеѓу Италија и Англија
Бјорн Кујперс од Холандија ќе го суди финалето на УЕФА ЕУРО 2020 помеѓу Италија и Англија, што ќе се одигра во недела на 11 јули во 21 часот на стадионот „Вембли“ во Лондон, објави вчера Комитетот за судии на УЕФА.
Кујперс е првиот Холанѓанец што ќе суди Европско финале. Има 48 годишни а меѓународен судија е од 2006 година. Финалето на УЕФА ЕУРО 2020 ќе биде негово седмо финале на УЕФА натпреварување.
На годинешниот завршен турнир на ЕУРО, тој судеше два натпревари во групната фаза – пораз на Данска од Белгија со 2-1 и победа на Шпанија со 5-0 против Словачка, како и победа на Данците во четвртфиналето од 2-1 против Чешка. Тој беше назначен и за четврт судија за победата на Англија во групната фаза од 1-0 против Хрватска.
На финалето во недела на Кујперс ќе му асистираат холандските асистенти Сандер ван Рокел и Ервин Зеинстра, додека, Карлос Дел Серо Гранде од Шпанија ќе биде четврти судија. Улогата за видео-помошник судија (ВАР) му е доделена на Бастијан Данкерт од Германија, кого ќе го придружуваат Пол ван Бокел од Холандија, Кристијан Гителман и Марко Фриц, двајцата од Германија. Хуан Карлос Јусте Хименес од Шпанија го комплетира составот како помошник судија на резерви.
Кујперс беше член на судиската екипа на УЕФА ЕУРО 2012, Светското првенство во фудбал во 2014 година во Бразил, ЕУРО 2016 и на Светското првенство во фудбал во Русија 2018 година.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Следната недела ќе имаме завршна средба со Таравари, Владата е стабилна и фокусирана на проекти
-
Вандали ја саботирале електричната инсталација во штипската модуларна болница
-
Основната плата во државата не може да биде пониска од минималната плата – Независниот синдикат на полицијата утре излегува на протест
-
Трипуновски: Излегуваме во пресрет на земјоделците, ќе ја направиме проценката за да се обноват површините зафатени од невремето
-
Во Скопје синоќа 92 сообраќајни прекршоци, 50 санкционирани возачи на мотоцикл
-
Најмалку 104 лица го загубија животот, а 28 се повредени во поплави во источниот дел на ДР Конго
-
Филков: Со новиот Закон за Судски совет воведуваме јасни критериуми и механизми за одговорност
-
Истрага за сообраќајна несреќа во Чаир во која има едно лице повредено