Бизнис платформа за полесно справување со европските регулативи и прописи
Компаниите од земјите на Западен Балкан минуваат 10 пати подолго време на граничните премини што значи шест пати поголеми трошоци за извоз. Тие се соочуваат и со отворени прашања во однос на примената на европските прописи и стандарди, а прилагодувањето на нивното работење кон овие нормативи е потенцијална можност за дополнителни проблеми.
За надминување на ваквите предизвици, во рамки на Самитот за Западен Балкан што ќе се одржи идниот месец во Познањ, Полска, предвидено е воспоставување бизнис платформа меѓу Коморскиот инвестициски форум и институциите на ЕУ (КИС-ЕУ).
– Платформата практично ќе значи дијалог меѓу бизнис-секторот од Западен Балкан и релевантните чинители на ЕУ кој, не само што ќе помогне да се изнајдат административни, регулаторни и политички решенија, туку ќе овозможи и компаниите подобро да ги разберат законите на ЕУ. Целта е и поддршка за полесна интеграција на единствениот пазар, истакна Татјана Штерјова од Стопанската комора.
Штерјова на прес-конференција напомена дека меѓу проблемите кои го усложнуваат функционирањето на фирмите од Западен Балкан е и помалата достапност на информации, како и ограничениот пристап до алтернативните начини на финансирање, посебно кога се работи за малите и средни претпријатија.
Според Кристоф Призлуцки од Агенцијата за трговија и инвестиции на Полска, КИС-ЕУ платформата ќе биде основана на бизнис форумот што исто така ќе се одржи во рамки на Самитот за Западен Балкан.
– Енергетиката, информатичките технологии, прехранбената индустрија и агротехниката ќе бидат во фокусот, но форумот останува отворен и за останатите сектори. Тоа ќе биде одлична можност за македонските компании да остварат контакти и да воспостават соработка, па дури и партнерства со фирми од ЕУ, истакна Призлуцки.
Мотото на бизнис форумот во Познањ ќе биде „Растеме заедно“ и на него, освен компании од земјите на Западен Балкан ќе учествуваат и претставници на деловните заедници од Австрија, Бугарија, Хрватска, Германија,…
Ново на Сител
-
Приведен 29 годишен кавадарчанец, управувал возило со 2.67 промили алкохол во крвта
-
Приведен 31-годишник од Куманово, предизвикал пожар на патничко возило „ланд ровер“
-
Приведен 25-годишник од Кавадарци, возел со 217 километри на час на место каде е дозволено 120
-
Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо
-
Два турски Ф-16 прелетале меѓу грчките острови Родос и Кастелоризо
-
Поранешниот директоро на АНБ, Виктор Димовски, тврди дека Мицкоски не бил следен и прислушуван во негово време
-
Романските власти предупредија дека е можно објекти да паднат од воздух поради руски напад врз Украина
-
Британски научници тврдат дека Аспиринот го спречува ширењето на ракот