Македонија
1. January 2018 - 10:16

Битолчани ја дочекаа Новата Година на плоштадот „Магнолија“

Општина Битола со богата забавно-музичка програма приреди организиран дочек на новата 2018 година.

На плоштадот „Магнолија“, градоначалничката на Битола, Наташа Петровска заедно со граѓаните и гостите во градот ја дочекаа Новата Година со настапот на познати битолски ди-џеи, фолк пејачот Борче Наумовски, поп пејачот Бојан Стојков и групата „Боеми“.

Настапија и актерите од Битолскиот театар - Илина Чореска, Викторија Степановска-Јанкуловска, Марјан Ѓоргиевски и Маја Андоновска Илијевски, а точно на полноќ беше дочекана Новата Година со голем огномент и македонско оро кое го предводеше градоначалничката Петровска.

битола дочек нова година

Според востановената традиција, градоначалничката Петровска денеска напладне ќе ја посети Клиничката болница и Одделението за неонатологија во Битола.